Постигнат консензус на Самитот на шефовите на дипломатиите на државите-соседи на Авганистан

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, денеска на Третиот состанок на шефовите на дипломатиите на државите-соседи на Авганистан што се одржува во кинескиот град Тунгси предложи сите држави да ги поддржат напорите на Авганистан на патот кон самодоверба, напредок и мирен развој.

По состанокот објавено е заедничко соопштение во кое се поддржува економска реконструкција и се уредува идна конкретна соработка со Авганистан.

На средбата е најавена иницијатива за воспоставуавање редовен механизам за соработка со Авганистан на ниво на специјални пратеници, како и формирање три работни групи за соработка – за политички и диппломатски прашања, економија и хуманитарни прашања, како и во областа на безбедноста и стабилноста.

Во име на учесниците Ванг Ји претстави осум точки по кои била постигната согласност на собирот во Кина, од кои првата е почитување на авганистанската независност, суверенитет и територијален интегритет.

Втората ги потврдува напорите на авганистанската привремена влада во управувањето изминатите шест месеци, со повик до авганистанската страна да постигне национално помирување преку дијалог и консултации.

Третата точка изразува сериозна загриженост за терористичките активности во земјата.

Четвртата точка е насочување внимание кон сериозните хуманитарни прашања во Авганистан и давање хуманитарна помош за авганистанскиот народ, додека со петтата се повикуваат сите страни да учествуваат во контактите и дијалогот со Авганистан за да се поддржи економскиот и општествениот развој во земјата.

Шестата точка ги прозива САД и западните земји да се придржуваат кон примарната одговорност во обновата и развојот на Авганистан и враќање на имотот на авганистанскиот народ.

Со седмата точка се поддржуваат ОН во промовирањето мир и стабилност во земјата, додека осмата точка предвидува продолжување на единствената улога што ја има механизмот на специјалните пратеници за Авганистан од соседните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок