Постигнат договор во владејачката коалиција на Словачка

Од:

Лидерите на трите партии, кои ја сочинуваат владејачката коалиција во Словачка, вчера потпишаа договор за соработка.

Кризата во коалицијата настана минатиот месец, кога ултранационалистичктата Словачка национална партија одлучи да се повлече од коалицијата и побара да преговара за нови услови.

Коалицијата е формирана по минатогодишните парламентарни избори во Словачка, во која покрај Словачката национална партија учествуваат левичарската Социјалдемократска партија на премиерот Роберт Фицо и Партијата на унгарската заедница во Словачка.

– Постигнат е договор за се што предизвикуваше загриженост во Словачката национална партија и договорено е да се организираат редовни состаноци, истакна Фицо.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти