Во светот живеат дури 21 жена родени во 19 век, но само еден маж кој неодамна наполни 116 години.
По смртта на Џејмс Емануел Сиснет на Барбадос на 113 години, најстар маж во светот стана Јироемон Кимура.
Овој поштар во пензија е роден на 19 април 1897 година и е прогласен за најстаро лице во светот поради што е и запишан и во Гинисовата книга на рекорди.
Пред него, најстарото лице беше Дина Манфредини која почина на 17 декември 2012 година.
Сега според Геронтолошката истражувачка група на Унивиерзитетот во Калифорнија, живеат 21 жена родени пред 1901 година.
Поголемиот број од нив живеат во Америка и Јапонија, а неколку во Европа и Канада.
Кимура спаѓа во таканаречените „суперстогодишници“ кои „ја надминуваат“ 110. година од животот, па иако се проценува дека ги има околу 200 или 300 во светот, само 60-тина имаат уверение од матичната книга на родените кое може да посведочи за нивната старост.
Кимура живеел во времето на четири цареви и ги проследил мандатите на вкупно 61 јапонски премиер од Мацукате Масајоши од Шинзо Абе.
Тој се пензионирал во далечната 1961 на 65 години.
Сега живее во Кјотанг со вдовицата на најстариот син, која има 83 години и внуката на вдовицата (59), а вели дека за долговечноста придонесуваат неговите мали порции на храна. Признава, меѓутоа, дека сега поголемиот дел од времето го поминува во кревет.
Овој суперстогодишник не пуши, пие само „умерена“ количина алкохол, а вовел во пракса да јаде додека не се почуствува дека 80 отсто е сит.
Има 14 внуци, 25 правнуци и 13 чукунвнуци, а својот роденден го прославил со голем број роднини.
Титулата за најстаро лице во светот му се заканува да му ја одземе Луо Меизен, Кинеска која тврди дека во септември наполнила 127 години.
Меѓутоа, таа нема уверение од матичната книга на родените, туку само лична карта во која пишува дека е родена во 1885 година.