Папата Бенедикт Шеснаесети (85) на денешниот проштален состанок со кардиналите вети целосна верност кон човекот што ќе го наследи.
Тој истакна дека ќе се моли Светиот Дух да помогне при изборот на нов папа.
– Ги ветувам своите безусловно почитување и послушност, изјави папата.
Тој апелираше до кардиналите да застанат зад неговиот наследник на престолот.
Бенедикт Шеснаесетти во 17 часот од Ватикан со хеликоптер ќе замине за Кастел Гандолфо, мало место оддалечено 25 километри од Ватикан, каде ќе го мине времето до обновувањето на манастирот Мајка Еклесија.
Неговиот понтификат официјално ќе заврши вечерва во 20 часот, кога почнува периодот на „Празно столче“.
Своите црвени папски чевли ќе ги замени со кафени и во иднина ќе носи едноставна бела свештеничка облека.
При заминување папата со себе ќе ја понесе семејната фотографија на која се тој, брат му Георг и сестра му Марија, дрвениот крст од родната Баварија, потоа позлатениот будилник што го добил како подарок по конклавата во 2005 година, како и чинијата на која е втиснат папскиот грб.
Папата со себе ќе го понесе и стол, што, исто така, го доби на подарок за својот 85 роденден.