Аргентински поштар е уапсен откако во неговиот стан биле пронајдени повеќе од 7.000 писма кои не ги доставил.
Поштарот задржал разни пратки, од разгледници до службени писма, како и покани за на суд, вратени кредитни картички, лични документи и сметки, што требало да ги достави до 15.000 жители на градот Ембалсе.
Полицијата случајно ги нашла писмата и пратките откако извршила претрес во неговиот стан поради пријава за кражба на електричен материјал. Поголемиот број од писмата не биле отворени.
Уапсениот 29-годишен маж работел шест месеци како поштар. Тој најверојатно ќе одговара за кршење на коресподенциска тајна.