Посетителите на Ајфеловата кула евакуирани поради закана од подметната бомба

Од:

Посетителите на Ајфеловата кула во Париз денеска беа евакуирани поради закана од подметната бомба, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение на париската полиција.

Евакуацијата била изведена во 14 часот по локално време. Во 16 часот по локaлано време кулата се уште не беше отворена за посетители, раскажаа очевидци.

Изградена во 1889 година 324-метарската кула секоја година ја посетуваат седум милиони лица.

Во екот на туристичката сезона на кулата се качуваат дури и до 30.000 лица дневно. Туристичката атракција, што е еден од симболите на Париз, редовно е цел на бомбашки закани, но сценариото секогаш е идентично – посетителите се евакуираат, а потоа заканата од бомбашки напад се покажува лажен.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина