Португалија распоредува ловци Ф-16 во Романија како дел од мисија на НАТО

Од:

Четири португалски ловци Ф-16 и 150 војници и цивили ќе бидат испратени во Романија во мај и јуни, со цел да учествуваат во воздушните патролни мисии на НАТО, изјави висок претставник на одбраната на Романија.

Врховниот совет за национална одбрана изјави вчера дека добил барање од премиерот Виктор Понта да дозволи авионите и војниците да влезат во земјата.

Романија, која се наоѓа на источниот дел на НАТО, е домаќин на странски војници и мисии од други земји членки, од избувнувањето на украинската криза во 2013 горина.

НАТО претходно одлучи формирање на командно-контролни центри во Латвија, Естонија, Литванија, Полска, Романија и Бугарија како одговор на предизвикот од Русија и исламските екстремисти. Во итни случаи центрите ќе помогнат за забрзување на распоредувањето на нови сили и поддршка од НАТО.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО