Португалија предложи свој кандидат за функцијата генерален секретар на ОН, a тоа е поранешниот премиер и Висок комесар за бегалците на ОН, Антонио Гутериш, пренесува БТА.
Писмото со неговата кандидатура беше објавено на сајтот на претседателот на Генералното Собрание на ОН Могенс Лукетофт.
Гутереш беше Висок комесар за бегалците на ОН од 2005 до 2015 година.
Тој е седмото име на листата на претенденти за функцијата генерален секретар на ОН.
Во моментов, заедно со него, се кандидирани министерката за надворешни работи на Молдавија Наталија Герман, генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова, министрите за надворешни работи на Хрватска и Црна Гора, Весна Пусиќ и Игор Лукшиќ, поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Срѓан Керим и поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк.