Според талибанците, најмалку 52 лица се повредени во денешниот напад на аеродромот во Кабул, јави ДПА.
Има и мртви, но бројката сè уште не е јасна, изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, за локалната ТВ станица TOLONews.
Невладината организација „Итна помош“ претходно објави дека најмалку шест лица се донесени мртви во нејзината болница во Кабул.
Според првичните извештаи, имало две експлозии надвор од аеродромот: една на една од портите на аеродромот и една во блискиот хотел.