Портпаролот на кинеската амбасада во САД „никогаш не слушнал за руското барање за воена помош“

Од:

Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија врз Украина, објавија „Фајненшал Тајмс“ и „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски официјални претставници.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ќе престојува во Рим за да се сретне со највисокиот кинески дипломат Јанг Џиечи, соопшти претходно Белата куќа.

Русија, која своите делувања во Украина ги нарекува „специјална операција“, и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања.

Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, но повика на решение преку преговори. Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да ги коментира извештаите.

„Вашингтон пост“ наведува дека неидентификуваните американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина одговорила на барањето.

На прашањето на Си-ен-ен за наводното барање на Русија за воена помош, Лиу Пенгју, портпарол на кинеската амбасада во САД, рече: „Никогаш не сум слушнал за тоа“.

Пенгју изрази загриженост за „ситуацијата во Украина“, нарекувајќи ја „навистина вознемирувачка“ и рече дека Кина обезбедува и ќе продолжи да дава хуманитарна помош за Украина.

„Сега највисок приоритет е да се спречи ескалација на тензичната ситуација. Кина повикува на екстремна воздржаност и спречување на голема хуманитарна криза“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски