Порторико би сакала да биде 51-та држава на САД

Од:

На незадолжителен референдум, тесно мнозинство на Порториканци гласале за тоа Порторико да стане 51-та американска држава. Меѓутоа таквата одлука би морала да ја одобри американскиот Конгрес.

На гласачите на вчерашниот референдум им биле поставени две прашања за политичкиот статус на Порторико, остров со скоро четири милиони жители.

Првото прашање гласело – дали статусот на Порторико треба да остане непроменет, а второто, да одберат една од опциите: американска сојузна држава, независност или суверена слободна асоцијација поврзана со САД.

Скоро 54% од бирачите гласале за промена на статусот, а 46 се определиле за постоечкиот. Во однос на второто прашање за статусот Порторико да стане американска сојузна држава, гласале 61%, за суверена слободна асоцијација, која би овозможила поголема автономија- 33%, а за опцијата независност само 5%.

Американскиот претседател Обама, претходно изјави дека го поддржува референдумот и вети дека ќе ја почитува волјата на Порториканците, во случај на јасно мнозинство, но засега не е јасно дали американскиот Конгрес ќе расправа за резултатите или Обама ќе одлучи дали постои доволно јасно мнозинство.

Во согласност со досегашниот статус, Порториканците кои живеат на островот се американски државјани но не можат да гласаат на претседателските избори на САД и единствен порторикански претставник во Конгресот е член на Претставничкиот дом, кој нема право да гласа.

Поголемиот дел од Порториканците не плаќаат федерален данок на приход, но уплаќаат пари во пензиски фонд, имаат право на социјална помош и служат војска во САД.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД