Порошенко: Руските сили навлегоа во Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска во телевизиско обраќање дека руските сили навлегле во Украина и свика итна седница на украинскиот Совет за безбедност и одбрана.

Порошенко истакна дека ја откажува планираната посета на Турција поради влошување на состојбата во земјата.

– Донесов одлука да ја откажам работната посета на Турција поради забрзаното влошување на ситуацијата во Доњецката област, специјално во Амросиевка и Старобешево поради навлегувањето на руските војници, рече Порошенко, кој денеска требаше да присуствува на церемонијата на инаугурација на новиот турски претседател,Реџеп Таип Ердоган.

Во меѓувреме на својот налог на Твитер Советот за безбедност и одбрана на Украина соопшти дека руски војници ја презеле контролата врз стратешкиот граничен град Новоазовск, кој се наоѓа на 100 километри од бастионот на проруските сепаратисти, Доњецк.

– Руските војници вчера ја презеле контролата врз Новоазовск, се наведува во соопштението.

Градот е населен со 11.000 лица и се наоѓа на неколку километри од руско-украинската граница.

Според Советот неколку од околните села исто така се под контрола на руските воени сили.

Во меѓувреме премиерот на Украина Арсениј Јацењук ги повика западните земји итно да свикаат седница на Советот за безбедност за ситуацијата во Украина.

Тој денеска на средба со раководството на Светскиот конгрес на Украинците истакна дека ова прашање треба да биде разгледано и во ОБСЕ и во Европската унија на ниво на министри за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци