Порошенко ја обвини Русија за кршење на примирјето

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко синоќа ја обвини Русија дека го прекршува договорот за примирје во источна Украина, со тоа што им доставува оружје на проруските сепаратисти во Донбас.

– Единствен пат кон деескалација е почитување на договорот (за прекин на огнот) од Минск. За несреќа, тоа не се случува, бидејќи оружјето и натаму продолжува да ја минува руско-украинската граница и бунтовниците постојано го кршат примирјето, изјави Порошенко по средбата со летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Ринкевич, кој од Киев треба да отпатува за Москва, од своја страна нагласи дека Летонија се залага за „неповредливост на границите и за зачувување на територијалниот интегритет на Украина и не ја признава илегалната анексија на Крим“.

– Има нови идеи со кои ЕУ може да ја поддржи територијалната целовитост на Украина, нагласи Ринкевич, додавајќи дека тие предлози ќе ги образложи на самитот на Унијата на 19 јануари.

Како што јави ТАСС, Порошенко и Ринкевич разговарале за начините за европска финансика помош за Украина и за укинувањето на визниот режим за украинските граѓани при патување во ЕУ. Според Порошенко, укинувањето на визите за Украина би претставувал „симболичен чекор“.

Претходно вчера, портпаролот на украинската Армија, Андриј Лисенко соопшти дека во последните 24 часа во инциденти во источна Украина биле убиени двајца украински војници, а 20 биле ранети.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите