Поројните дождови предизвикаа поплави во Германија и во Чешка

Од:

Поради обилните дождови нивото на водата на реката Дунав во германскиот град Пасау достигна до 9,3 метри и продолжува да расте со брзина од 20 километри на час.

Надојдената вода ги поплави централните градски улици и подрумите на зградите во Пасау.

– Максималното ниво на Дунав во Пасау изнесува 10,81 метри. Можно е рекордот да биде соборен и последиците се катастрофални, предупреди Доминик Јунг од Германската метеоролошка служба.

Критична е состојбата со надојдените води и во други делови на германската провинција Баварија.

Поројниот дожд изминатите денови го крена нивото на реките во Чешка и поради опасност од поплави е прогласена вонредна состојба во 45 региони. И во Прага поради надојдените води во реката Волтава околу пладне е најавен трет степен на загрозување и можно разлевање на реката на брегот и околината.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он