Порно актерката за Трамп: Осудете го и направете го боксерска вреќа во засолниште за жени

Од:

Сторми Даниелс, поранешната порно актерка која е во центарот на скандалот што доведе до осуда на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го повика американското правосудство да го осуди Трамп на затворска казна.

„Ставете го во затвор“, изјави таа за британскиот весник „Дејли мирор“ во саботата во своето прво интервју по одлуката на судот во Њујорк.

„Верувам дека треба да биде осуден на затвор и општествено корисна работа или да служи доброволно како вреќа за бокс во засолниште за жени“, додаде таа.

Даниелс (45) тврди дека имала сексуални односи со Доналд Трамп во 2006 година, што тој го негира. Непосредно пред претседателските избори во 2016 година, ѝ биле платени 130.000 долари за да не зборува.

Трамп беше прогласен за виновен во четвртокот за фалсификување документи за да ги прикрие плаќањата за да ја замолчи Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Трамп (77) негира дека сторил нешто лошо и се очекува да поднесе жалба.

Би можело да ве интересира

Трамп му честиташе на Мерц за изборната победа: Граѓаните се уморни од агендата без здрав разум

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ