Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

Од:

Поранешната советска република Туркменистан неодамна им забрани на жените да користат козметика, маникир, бојадисување на косата, носење тесна облека и фармерки, како и возење и седење на предно седиште во автомобил, објави радио „Азатлик“.

Правата на жените во Туркменистан го привлекоа вниманието на здруженијата за човековите права и феминистичките организации последниве години. Според Обединетите нации, 12 отсто од анкетирани Туркменки доживеале физичко или сексуално насилство во семејството. Според активистите за човекови права, проблемот со семејното насилство во Туркменистан се влошува со ограничувањата на правата на жените во општеството, особено од властите.

Ашхабат забрани и абортус, а овие строги мерки против жените во земјата се засилија откако Сердар Бердимухамедов го наследи својот татко на функцијата претседател на земјата.

Натаму, десетици стјуардеси и други работнички останаа без работа во април поради липосукција и други козметички зафати. Туркменските авиокомпании, на пр., отпуштија околу 20 свои вработени поради ботокс во усните. Некои од отпуштените, наводно, веќе немаат право на други работни места.

Според очевидци во Ашхабат и други туркменски градови, во акции во канцеларии и на јавни места, полицијата приведувала жени со вештачки трепки и нокти и ги носела во полициски станици. Ним им било наложено да ги отстранат „додатоците“, како и да платат казна од околу 140 долари – колку половина од просечната плата во Туркменистан. Полицајци, според наводите, запираат жени на улица и во јавниот превоз и за да проверат дали имаат зголемени усни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Маж ја истепа вонбрачната партнерка, но и нејзините две деца

Насилници грабнале 15-годишно момче и го снимале

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

Обид за убиство во Крива Паланка, ја избодел со нож во вратот