Пораст на бројот на невработени во Франција

Од:

Стапката на невработеност во Франција продолжува да расте. Во јануари бројот на невработени се зголемија уште 43.900 невработени, со што нивниот број достигна 3,169 милиони, близок до рекордот од 1997 година кога работа бараат 3,19 милиони лица, јави дописникот на МИА од Франција.

Според податоците на Центарот за вработување, ако се вклучат и лицата кои имаат ограничена работна активност, вкупниот број на невработени изнесува 4.680.200 луѓе.

Француската влада, преку министерот за труд Мишел Сапан верува дека тенденцијата на невработеноста ќе доживее пресврт кон крајот на годината, кога се очекува почеток на намалување на невработеноста, како што вети претседателот Франсоа Оланд при неговата новогодишна честитка до Французите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз