Поранешниот зет на казахстанскиот претседател и се предаде на австриската полиција

Од:

Поранешниот амбасадор на Казахстан во Австрија и поранешен зет на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, Рахат Алиев, кој во својата земја е осуден во отсуство за формирање организирана криминална група, киднапирање и убиство, синоќа е уапсен во Виена.

Потерницата за апсење на Алиев во Австрија била издадена на 19 мај. Според адвокатот Манфред Ајнедтер, неговиот клиент доброволно и се предал на полицијата, покажувајќи желба да соработува во истрагата.

Алиев е осуден во отсуство во Казахстан за убиство на двајца банкари, кои биле киднапирани во 2007 година и пронајдени мртви во 2011 година. Во 2008 година воен суд во Казахстан го осудува во отсуство на 20 години затвор поради обид за насилно преземање на власта и други криминални дела, но уште пред почетокот на судскиот процес тој успева да замине во Австрија.

Алиев бил уапсен во Австрија во 2007 година како резултат на заеднички активности на казахстанските безбедносни органи и Интерпол, но австриски суд не дозволил екстрадиција и тој бил ослободен со кауција од еден милион евра.

Во јануари оваа година обвинителството на Казахстан започна истрага против Алиев и поранешниот шеф на комитетот за национална безбедност Алнур Мусаев за соучество во убиството на опозиционерот Алтанбек Сарсенбаев, неговиот возач и телохранителот.

Алиев тврди дека тој е жртва на политички интриги откако покажал амбиции да стане претседател на Казахстан. 

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија