Поранешниот судански претседател обвинет за нелегално поседување девизи

Од:

Судот во Картум го обвини поранешниот судански претседател Омар ел Башир за нелегално поседување и користење странски валути, изјави еден судија.

Армијата го собори Башир на 11 април, по 30 години владеење.

„Властите заплениле 6,9 милиони евра, 351,770 долари и 5,7 милиони судански фунти во домот на Башир, средства што нелегално биле прибавени и користени“, рече судијата Ал Адик Абделхман.

Според судијата, поранешниот претседател може да добие до десет години затвор за поседување на тие пари и до три години за нелегални трансакции.

Судскиот процес против Ал-Башир започна на 19 август, два дена по потпишувањето на преодниот договор за владата меѓу војската и граѓаните во знак на протест.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on