Поранешниот словачки претседател Киска обвинет за даночна измама

Од:

Словачкото државно обвинителство го обвини поранешниот претседател Андреј Киска за даночна измама, изјави портпаролот на Државното обвинителство за новинската агенција ТАСР.

Политичарот, на неговата семејна компанија КТАГ, која била сопственик на туристичка агенција, лажно пријавил трошоци од 150 илјади евра, наведуваат од државното правобранителство.

Овие трошоци, наводно, биле направени за време на неговата претседателска кампања во 2013 и 2014 година.

Киска постојано ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран прогон.

Овој 59-годишен либерален конзервативен политичар беше претседател на Словачка од 2014 до 2018 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина