Поранешниот шеф на разузнавањето вмешан во заговорот за убиство на Шолц

Од:

Ханс-Георг Масен, поранешниот шеф на германската домашна разузнавачка служба БФВ, е под истрага од негови поранешни колеги за наводна вмешаност во екстремно десничарски заговор за убиство на канцеларот Олаф Шолц, објави Билд.

Германскиот дневен весник наведува дека БФВ побарала од германската федерална полиција информации за Масен како дел од истрагата за случајот на ултрадесничарската организација „Граѓаните на Рајхот“.

Се истражува дали поранешниот шеф на разузнавањето бил во контакт со еден од сведоците во случајот што предизвика бурни реакции минатата година кога група екстремни десничарски екстремисти беа уапсени по серија рации низ Германија.

Уапсените складирале оружје и целта им била да упаднат во Бундестагот, зградата на парламентот и да го убијат канцеларот Шолц.

Групата беше предводена од Хајнрих XIII, принцот од Ројс, кој требаше да го преземе раководството на Германија во случај пучот да успее.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он