Поранешниот шеф на разузнавањето на Венецуела тврди дека режимот во Каракас може набрзо да падне

Од:

Поранешниот шеф на разузнавањето на Венецуела, Кристофер Фигуера кој побегна од државата по неуспешниот обид за соборување на претседателот Николас Мадуро во април, изјави за Вашингтон пост дека режимот може многу брзо да падне во таа држава.

– Горд сум за тоа што го направив, вели тој, – Засега режимот е со предност, но тоа може многу брзо да се смени, додаде Фигуера.

Тој беше сменет од функција откако даде поддршка на обидот за пуч на 30 април предводен од опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и помина два месеца во Колумбија пред да пристигне во САД вчера, објави весникот.

Фигуера тврди дека членови на семејството на Мадуро и на неговата влада се вмешани во перење пари и корупција и дека на групи од Хезболах им е дозволено да оперираат во Венецуела. Шиитското движење Хезболах е поддржано од Иран и е на листата на „терористички групи“ на САД.

– Брзо сфативме дека Мадуро е шеф на криминални групи и во тој процес се вклучени и членови на семејството, вели тој посочувајќи го синот на Мадуро, Гуера кој според него е вклучен во продажба на злато на венецуелската централна банка.

Тој додава дека Куба има големо влијание врз Мадуро и оти имало многу чести телефонски разговори меѓу поранешниот претседател Раул Кастро и венецуелскиот лидер.

– Раул Кастро му беше како советник на Мадуро. Ако беше на каков било состанок, Кастро ќе го повикаше по телефон и тој ќе го прекинеше за момент состанокот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски