Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф осуден за корупција

Од:

Пакистанскиот Суд за борба против корупцијата ги прогласи за виновни поранешниот премиер Наваз Шариф и неговите ќерка и зет по обвиненија за корупција.

Обвинителниот акт беше изготвен по истрагата за наводите произлезени од објавувањето на „Панамските документи“.

На денешното рочиште судот во одсуство го прогласи Шариф за виновен по три точки од обвинението.

Шариф на 28 јули се повлече од премиерската функција по наредба на пакистанскиот Врховен суд, по спроведената истрага околу корупциски скандали поврзани со неговото семјство.

Обвиненијата против Наваз Шариф, кој три пати ја извршуваше функцијата премиер на Пакистан, како и против трите негови деца и зет, се однесуваат за дела извршени во периодот од неговите претходни мандати во 90-те години на минатиот век.

Неговата ќерка Маријам Наваз и нејзиниот сопруг негираа дека се виновни.

Од друга страна двајцата синови на Шариф, кои имаат и британско државјанство, одбија да се појавија пред судот., со образложение дека пакистанските закони не важат на нив „како Бритенци“.

Политичките опоненти го обвинуваат Шариф и неговото семејство за перење пари од Пакистан со цел купување имоти во Лондон.

Семејството на Шариф признава дека се сопственици на имотите, но тврди дека ги стекнале со договорот за инвестиции што го склучиле со катарското кралско семејство во 80-те години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица