Поранешниот министер за финансии на Колумбија Оскар Иван Сулуага освои најмногу гласови на претседателските избори, но не доби доволна поддршка за победа во првиот круг на изборите.
Сулуага ќе се соочи со претседателот Хуан Мануел Сантос на вториот круг од изборите во земјата.
Според податоците објавени од Националниот изборен совет по обработка на речиси 99 проценти од гласачките ливчиња, Сулуага освоил 29,3 проценти, а Сантос 25,6 проценти. На трето место со помалку од 16 отсто е Марта Лусија Рамирес од Конзервативната партија на Колумбија.
Вториот круг од претседателските избори ќе биде на 15 јуни.