Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон осуден на пет години затвор

Од:

Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“.

Фијон е осуден на пет години затвор – од кои три може да ги служи преку општокорисна работа. Тој, исто така, ќе треба да плати казна од 375,000 евра и ќе му биде забрането да се кандидира на избори во период од 10 години.

Неговата сопруга Пенелопе доби тригодишна условна казна, парична казна од 375.000 евра и двегодишна забрана за кандидирање на избори

Фијон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што и донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата