Поранешниот директор на ЦИА и НСА, Мајкл Хејдн, не го смета Едвард Сноуден за предавник, туку за дезертер

Од:

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, баран од САД за шпионажа, не е предавник на американските интереси, туку тој тој треба да се смета за дезертер, изјави вчера во интервју за телевизијата ЦБС поранешниот директор на ЦИА и Агенцијата за национална безбедност на САД, генерал Мајкл Хејдн, соопшти ИТАР- ТАСС.

Хејдн негативно одговори на прашањето на водителот дали смета дека Сноуден претставува откривач на тајни, чии активности му донеле корист на американскиот народ.

-Тој не беше откривач, туку дезертер, посочи поранешниот шеф на ЦИА и НСА. Хејдн подвлече дека не го смета Сноуден и за предавник.

-Уставот дава многу точен опис за предавник, па затоа ми се чини поумесен зборот дезертер, појасни тој.

Генералот откритието на Сноуден на тајната информација ја спореди со стихијна природна катастрофа, како ураганот „Катрина“.

Според него, по овој удар на стихијата на крајот биле поставени поздрави брани од порано, што е позитивен резултат.

„Но и покрај тоа „Катрина“ предизвика многу штети“, подвлече Хејдн.

Сноуден на 1. август доби привремен азил во Русија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска