Поранешни директори на „Пирели“ осудени за смртта на 20 работници

Од:

Единаесет поранешни високи раководители на италијанската компанија за производство на автомобилски гуми „Пирели“ се прогласени за виновни за „ненамерна смрт“ на 20 работици, кои биле изложени на опасниот по здравјето од азбест.

Судот во Милано ги осуди некогашните раководители, меѓу кои и двајца поранешни извршни директори на компанијата, на затворски казни во траење до седум години и осум месеци.

Сите осудени биле членови на управни одбори и на раководи тела во „Пирели“ во периодот меѓу 1979 и 1989 година, кога работниците биле изложени на влијание на азбест во фабриката на компанијата во Милано.

Според Судот, тие се виновни затоа што не презеле ништо за да се зачува здравјето на работниците, кои починале од тумор или од тешки заблување на белите дробови.

Нивните блиски и роднини, кои беа во судот при изрекувањето на казните, за италијанските медиуми дека се задоволни од пресудата и дека директорите „конечно се казнети“.

Адвокатите на „Пирели“ изразија несогласување со одлуката на Судот и најавија жалби на пресудата, тврдејќи дека имаат „научни сознанија“ за нејзино соборување.

Италијанските медиуми откриваат дека роднини на најголемниот број од жртвите, надвор од Судот , веќе се спогодиле со управата на „Пирели“ за исплата на паричен надомест за починатите работници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале