Во Врховниот суд за криминал во Бангкок денеска започна судењето на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра, обвинета дека не ги спречила коруптивните скандали во државната шема за субвенции на производителите и трговците со ориз.
Според обвинението, Шинаватра како премиер требало, а не спречила штета на државниот буџет од над 20 милијарди долари. Ако биде прогласена за виновна таа може да биде осудена на казна затвор до 10 години.
Поради истото обвинение Јинглук Шинаватра претходно, во процес на импичмент, беше прогласена за виновна и и беше одредена петгодишна забрана за активно учество во политиката.
Судиите денеска дозволија Шинаватра да се брани од слобода, но таа не смее да ја напушти државата до 21 јули, кога треба да започне процесот во кои и обвинителството и нејзините адвокати. како што најавија, ќе ја бараат правдата.