Поранешна проститутка: Проституцијата треба да се укине

Од:

Поранешна проститутка, педесет и седумгодишната Росен Хика, која стана активистка за укинување на проституцијата, изоди 800 километри ширум Франција и во недела пристигна во Париз. Таа пешачеше со цел да изврши притисок врз официјалните лица да донесат нов закон, врз основа на кој ќе се казнуваат клиентите.

По пристигнување во Париз, Хика која во проституцијата била вклучена цели 22 години, порача дека никој нема право да ги купува и продава жените.

Во декември 2013 година беше изгласан предлог закон за казнување на клиенти, но еден сенатски одбор го одложи во јули. Инаку освен казна од 1.500 евра за клиентите, законот кој го изгласа Народното собрание, предвидува и зајакнување на борбата против проституција, помош на жртвите, развој на опции за излез од проституцијата и превенција од проституција помеѓу младите.

Меѓутоа борбата за укинување на проституцијата, француската класа не ја прифаќа едногласно, а не се единствени ниту здруженијата за женски права, бидејќи еден дел од нив се залага за подобри закони со кои ќе се контролира оваа професија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск