Кениската полиција го означи исламистот Мухамед Мухамуд, поранешен учител, за организатор на масакрот на универзитетот во Гариса, при што беа убиени 148 студенти.
Познат под прекарот Куно, Дулиџан или Гамадхере, припадник на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, исто така е баран во врска со повеќе убиства во североисточна Кенија.
Полицијата понуди 20 милиони шилинзи (200.000 евра) за информација која би довела до негово апсење.
Тој е кениски државјанин и етнички Сомалиец.