Поранешен шеф на ЦИА предложил план за лобирање за дискредитација на Ѓулен

Од:

Поранешниот директор на ЦИА, Џејмс Вулси, во улога на советник на Доналд Трамп, на двајца турски бизнисмени им понудил за 10 милиони долари да помогне во дискредитирање на контроверзниот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен за минатогодишниот обид за преврат во Турција и бараат негова екстрадиција.

Само осум дена откако официјално се приклучи во кампањата на Трамп како советник за националните безбедносни прашања, Вулси на 20 септември 2016 година се сретнал со бизнисмените Еким Алптекин и Сезгин Баран Коркмаз за време на ручек во хотелот „Полуостров” во Њујорк.

Вулси и неговата сопруга, Нанси Милер, предложиле кампања за лобирање и за односи со јавност насочена против Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.

Според западни медиуми, кои имале увид во меморандум, Вулси и Милер направиле нацрт-план за да „привлечат внимание кон можната улога на свештеникот во обидот за државен удар” и да поттикнат официјална истрага за неговите активности.

Алптекин, сојузник на Ердоган, веќе се согласи преку една од неговите компании на договор вреден 600.000 долари со консултантската фирма на Мајкл Флин за истражување на Ѓулен. Флин подоцна стана советник за национална безбедност пред да биде отпуштен во февруари.

Вулси беше член на фирмата Флин, „Флин Интел Група“, според поднесената пријава од фирмата и архивата на веб-страницата на компанијата, иако портпаролот на Вулси ја оспори оваа карактеризација, велејќи дека е неплатен советник и дека неговата припадност е „лабаво дефинирана“.

Наддавање за лобирање или за договор за консултации со странска влада или компанија во САД е нелегално, а Вулси и Милер не ги добиле договорите.

Но претходните состаноци покажуваат дека првпат соработници на Трамп се натпреварувале меѓусебно да добијат лукративна бизнис зделка со Алптекин. Зделката сега ја истражува специјалниот советник Роберт Мулер, како дел од неговата поширока истрага за тоа дали при кампањата, Трамп соработувал со Русите во обидот тие да се вмешаат во американските претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија