Поранешен претседател на Еквадор осуден на 12 години затвор за злоупотреба на државни средства

Од:

Врховниот суд на Еквадор го осуди во отсуство поранешниот претседател на државата Хамил Мавад на 12 години затвор за злоупотреба на државни средства за време на банкарската криза во земјата кон крајот на 90-те години на минатиот век.

Во одлуката Судот истакнува дека одредил толку строга казна, бидејќи еквадорските инвестирори се уште ги трпат последиците од криминалот на Мавад.

Мавад тврди дека процесот против него е политичко гонење поради непопуларните мерки, кои ги воведе како претседател, за да се справи со хиперинфлацијата. Тие вклучуваа замрзнување на депозитите и замена на еквадорската валута – сукре со американскиот долар.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници