Поранешен полицаец во Словачка ги убил своите две ќерки и нивната тетка, а потоа се самоубил

Од:

Поранешен полицаец, по кого словачката полиција трагаше под сомнение дека ги застрелал своите ќерки на возраст од 13 и 15 години и нивната 71-годишна тетка, денеска е пронајден мртов со прострелна рана во главата, јавија чешките медиуми.

Се претпоставува дека 49-годишниот Мартин Кањави самиот се застрелал.

Засега не се знае кога и зошто Кањави ги убил своите деца и нивната тетка која ги чувала.

Девојчињата беа пронајдени во понеделникот, откако нивни пријатели пријавиле дека не биле на училиште и дека не можат да ги најдат.

Кањави бил поранешен вработен во финансиската полиција и работното место морал да го напушти откако пред 10 години под неразсјаснети околности исчезнала неговата сопруга, чие тело до сега не е најдено.

Според словачките медиуми, поранешниот полицаец бил конфликтна личност и имал финансиски проблеми.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина