Поранешен олимписки шампион заврши во затвор: Сакал да продаде тон кокаин, па „паднал“ заедно со Црногорец и Македонец

Од:

Поранешниот олимписки шампион Галабин Боевски (49) е во затвор во Португалија поради трговија со дрога, односно обид да прошверцува повеќе од еден тон кокаин вреден 50 милиони долари.

Оваа вест ја пренесоа медиумите од Бугарија, земјата за која Боевски го освои златото во Сиднеј во 2000 година во кревање тегови, а тоа после ништо не се знаеше долго време.

Конечно, по неколкумесечна истрага, пристигна официјален одговор од португалските власти кои го фатија пред четири години.

– Поранешниот кревач на тегови беше фатен во октомври 2020 година како се обидува да прошверцува повеќе од еден тон кокаин вреден 50 милиони долари. Апсењето било дел од операцијата на специјалните сили наречена „Тврдо тло“, а расплетот е извршен со помош на агенти кои биле филтрирани во групата. Боевски и уште еден од трговците имале средба со таен агент, со кого се „договориле“ по морски пат – од пловило на друго да пренесат тон кокаин и 3,6 тони марихуана – стои во полициското соопштение доставено до Бугарите.

Боевски е осуден на 6,5 години затвор и моментално ја издржува казната во португалски затвор. Тој се изјасни пред судот дека само преведувал за групата, но всушност бил осуден како нејзин организатор. Судот одлучи дека Боевски, како и Црногорецот и Македонецот кои биле со него, свесно дејствувале и посредувале, транспортирале и задржале 1.000 килограми кокаин.

Интересно, ова не е прв прекршок на Боевски бидејќи пред 13 години беше уапсен на меѓународниот аеродром во Сао Паоло откако во неговиот и багажот на неговата ќерка Сара беа пронајдени девет килограми кокаин. Потоа беше осуден на девет години и четири месеци затвор за трговија со дрога. Тој одлежа две години и беше вратен во Бугарија под постапка за депортација.

Би можело да ве интересира

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун

Ураганот Деби „откри“ кокаин во вредност од над еден милион долари

Во Барселона запленети четири тони кокаин

Голема рација во Германија: Запленет кокаин вреден милијарди евра

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин