Поранешен нацист ќе биде суден по 300.000 обвиненија за учесто во убиства во Аушвиц

Од:

Судот во Лјунебург утврди дека има доволно докази против Оскар Грунинг (93) за да покрене судски процес. Против него има покренато 300.000 обвиненија за учество во убиства додека бил стражар во концентрациониот логор Аушвиц.

Судењето на Грунинг треба да почне на почетокот од идната година, но се уште не е прецизиран датумот.

Грунинг тврди дека додека бил стражар во логорот Аушвиц бил сведок на тортура и убиства, но оти тој лично не извршил ниту едно кривично дело.

Според обвинителите Грунинг го помагал нацистичкиот режим на економски план и во систематското убивање на луѓе. Гонинг во Аушвиц бил одговорен за облеката украдена од депортираните во логорот.

Околу 50 преживеани од логорот Аушвиц поднеле колективна тужба против Грунинг.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк