Поранешен началник на британската армија: Русите би можеле да извршат масовен артилериски напад врз Херсон

Од:

Поранешниот шеф на британската армија и генерал Ричард Данат предупреди дека Русија наскоро би можела да изврши „масовен артилериски напад“ врз Херсон, откако Русите се повлекоа од стратешки важниот град во петокот. Данат рече дека ситуацијата во овој јужен украински град е „интересна“ и дека руските сили ја „изгубиле битката за него пред неколку месеци, а не пред неколку дена или недели“.

„Нивниот обид да стигнат до Одеса од Мариупол преку Херсон и Миколаев и да им се закануваат на Молдавија и Украина да го заземат целиот јужен брег пропадна пред неколку месеци“, рече Данат. Но, тој предупреди дека сега може да се очекува Русите да ги подготват своите одбранбени позиции што сè уште ги држат на источниот брег на Днепар.

„Се грижам дека жителите на Херсон, понесени од еуфорија, сега ќе почнат да се движат низ градот како сè да е нормално. Но, мислам дека Русите ќе започнат напади врз градот кои ќе траат уште некое време“, тврди тој.

Путин мисли дека е храбар, но не сака да се соочи со 19 светски лидери

На прашањето што мисли за Путин да не оди на состанокот на Г20, Данат рече дека смета дека тоа никогаш не е опција за него. „Путин можеби мисли дека е храбар, но тешко дека би отишол таму и би се соочил со 19 други светски лидери“, вели Данат.

„Го испрати Лавров да си ја заврши работата. Би сакал да го пофалам Риши Сунак што кажа како стојат работите и отворено ги критикува Русија и Путин“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ