Поранешен менаџер: Убер врбува агенти на ЦИА за да ги следи конкурентите

Од:

Со цел следење на работата на конкурентите и дознавање на нивните бизнис тајни, компанијата Убер ангажирала поранешни службеници на ЦИА, изјави поранешниот менаџер на комапнијата, Ричард Џејкобс.

Според него, Убер ги најмувал екс-агентите на ЦИА за да помогнат при упади во компјутерските мрежи на фирмите конкуренти надвор од САД.

Изјавите на Џејкбс се дадени на суд во Сан Франциско каде што се води дело за кражба на технологија за беспилотни автомобили од компанијата Вејмо.

Вејмо е дел од холдингот Алфабет, компанијата мајка на Гугл, кои ги обвинија Убер за кражба и побараа забрана за користење на нивната технологија за беспилотни автомобили и паричен надомест од 1,9 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски