Поранешен командант на паравоена група на унионистите призна вина за 200 терористички дела

Од:

Поранешниот командант на северноирската паравоена организација „Алстерски доброволни сили“ (УВФ), на локалните унионисти-лојалисти (протестанти) Гери Хагарти, на судењето во Белфаст изјави дека е виновен за 200 дела поврзани со тероризмот, вклучувајќи и пет убиства.

Оваа организација беше создадена во северен Белфаст, каде живеат само протестанти, за да се „одбрани британството“ во Северна Ирска, дејствувајќи против католиците, нивните паравоени и други организации и против сите кои можеа да им застанат на нивниот пат.

Паролата на УВФ под која дејствуваа во покраината беше „подготвени за мир, но спремни за војна“.

Нивниот некогашен командант Хагарти е обвинет за пет обиди за убиство, меѓу кои има и врз полицајци и за 23 дела за ковање заговор за убиства, за терористички акции и за членување во забранета група.

Хагарти кој работел за полицијата како информатор- доушник во текот на годините на непријателство меѓу протестантите и католиците, има дадено околу илјада изјави во текот на сослушувањата пред полициските иследници.

Како команданат на оваа милитантна лојалистичка група дејствувал од 1991, до 2007 година.

За него се вели дека живеел на сокриена локација, надвор од Северна Ирска и се очекува тој да добие редуцирана казна, како замена за неговото решение да „пропее„ и да соработува со властите.

Изрекувањето на казната се очекува во септември.

Медиумите во Белфаст навестуваат дека би можело да се случи од судот да излезе целосно слободен, затоа што има проведено три години во притвор, што според законите е еднакво на шест години затвор.

Родните на петмината убиени од припадници на оваа група, изјавиле дека Гери Хагарти е само извршител и ликвидатор, но дека друг ги давал наредбите за убиствата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска