Поранешен филипински министер за одбрана заговарал пуч против претседателот Акино

Од:

Портпаролот на филипинската полиција Генеросо Чербо денеска изјави дека зад обидот армијата да организира насилно сменување на претседателот Бенињо Акино, стои поранешниот министер за одбрана Норберто Гонзалес.

Тој со повеќе опозициски лидери, меѓу кои и членови на филипинскиот Сенат, се надевал дека армијата ќе изврши пуч поради незадоволството од големата загуба на полициски командоси во борбите со исламските бунтовници на југот на Филипините на 25 јануари.

Претседателот Акино, кој дента по загинувањето на 44 припадници на специјалните полициски сили лично раководеше со операцијата за извлекување на загинатите и ранетите командоси, беше обвинет од страна на неговите противници за „многу погрешни одлуки“ во оваа операција.

Учесниците на планираниот заговор до медиумите испраќале и информации дека во операцијата за извлекување на специјалците, Акино многу дозна ги вклучил американските маринци стационирани во база на островот Минданао, но овие тврдења се демантирани.

Во анализите на случувањата од 25 јануари и загинувањето на полициските командоси се поприсутни уверувањата дека се работело за некоординирана акција на специјалците, чиј мотив бил да го заробат еден од најпознатите терористи во југоисточна Азија, Малезиецот Зулфикар бин Хир. За неговото фаќање, жив или мртов, американските и филипинските власти имаат распишано награда од пет милиони долари.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски