Поранешен американски гувернер и директорот на Гугл пристигнаа во Северна Кореја

Од:

Поранешниот гувернер ма американската сојузна држава Њу Мексико, Бил Ричардсон пристигна денеска од Пекинг во Северна Кореја, предводејќи ја делегацијата, во чиј состав е и директорот на американската технолошка компанија „Гугл“, Ерик Шмид.

Ричардсон, кој во изминатите 20 години неколку пати ја посетил Северна Кореја изјави дека неговата мисија не е дипломатска, туку карактерот на посетата го определи како приватен и хуманитарен.

Тој појасни за телевизијата Си-Би-Ес дека тоа не е бизнис посета на компанијата „Гугл“ и оти Шмид го придружува, бидејќи е негов пријател и оти е заинтересиран за меѓународната политика.

Владите во Вашингтон и Сеул веќе неколку денови изразуваат стравување поради нивната посета на Северна Кореја, во период кога против земјата се подготвуваат нови меѓународни санкции поради ракетата, која ја истрела во декември минатата година.

Стејт депарментот соопшти дека посетата не е конструктивна во овој момент.

Ричардсон, кој е и поранешен амбасадор на САД во ОН изјави дека за време на четиридневната посета на Северна Кореја ќе се сретне со политички, економски и воени лидери, а ќе гостува и на универзитети.

– Ние не ја контролираме посетата. Кога ќе пристигнеме таму тие ќе ни ја кажат програмата, изјави Ричардс и додаде дека на средбите ќе се разговара за севернокорејската нуклеарна програма, како и за судбината на американските граѓани со корејско потекло.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД