Порака од Техеран: За секој научник или офицер што ќе го изгубиме, имаме стотици што ќе ги заменат

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес потврди дека иранскиот народ ќе стои цврсто до последната капка крв против секоја страна што се обидува да наметне судбоносни одлуки на земјата.

„Уште еднаш, големиот ирански народ му ја покажа на светот својата неверојатна сила и отпорност“, рече Аракчи на платформата X, по погребот на воените лидери и нуклеарни научници убиени во израелските напади во Техеран.

Тој рече дека голем број патриоти вчера излегоа на улиците на Иран за да им оддадат почит на воените команданти, научниците, истражувачите и цивилите, „кои беа убиени ладнокрвно од кукавичкиот израелски режим“.

„Секој има една порака: за разлика од слабиот израелски режим, ние не ги криеме нашите загуби. Горди сме на нашите жртви, кои се наши модели на углед. За секој паднат офицер или научник, бидете сигурни дека уште стотина ќе се редат да го заземат нивното место. До последната капка крв, моќната и отпорна иранска нација ќе се спротивстави на секој што се обидува да одлучи за нашата судбина, рече Аракчи.

Би можело да ве интересира

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“