Поради задоцнување на пролетта илјадници птици останаа во Белорусија

Од:

Илјадници птици преселници останаа блокирани во Белорусија поради задоцнување на пролетта.

Експертите објаснуваат дека ладното време и студот ги спречија да го продолжат патот кон север.

Голем број птици е концентрирано во областа околу градот Брест, во близина на полската граница, изјави директорот на белоруската Организација за заштита на птиците, додавајќи дека нивната миграција веќе за три недели доцни.

-Птиците се групираат околу патиштата и населбите каде што на полесен начин доаѓаат до храна- наведе белорускиот експерт.

Тој истакна дека птиците веќе два пати тргнуваа на пат, но поради лошите временски услови беа приморани да се вратат назад.

-Не е ништо сериозно, интервенцијата на луѓето само би ја влошила состојбата-истакна Фенчук.

Белорусија и Русија оваа година имаа особено остра зима, поради што е одложено доаѓањето на пролетта, како и во поголемиот дел на Европа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“