Поради „уцена“ од синдикатот СЖТ само еден дневен весник во француските киосци

Од:

Поради „уцена“ од синдикатот СЖТ, денеска во француските киосци се појави само еден дневен весник – „Хуманите“, поранешниот орган на француската комунистичка партија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во сударот меѓу синдикатот СЖТ и француската влада, кој своите членови ги повикува на штрајкови во знак на протест на новиот закон за работни односи, барајќи негово повлекување или измена, настрада дневниот печат.

Имено генералниот секретар на СЖТ, Филип Мартинез побара од дневниот печат да објави негова колумнам во спротивно работниците во печатот и дистрибуцијата на печатот, кои се главно членови на СЖТ, нема да ги отпечатат и дистрибуираат венсиците.

На притисокот на СЖТ и на Филип Мартинез, кој францускиот печат го нарече „Господинот Ниет“, попушти само Хуманите, кој е весник близок до СЖТ, додека сите други дневни весници одбија и изутринава не се отпечатени, туку се наоѓаат на слободен пристап во ПДФ формат на веб страниците.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано