Поради сомнителен куфер прогласена тревога на аеродромот во Дизелдорф

Од:

Управата на аеродромот во германскиот град Дизелдорф синоќа прогласи тревога во објектот, откако во зоната на терминалите за полетување беше пронајден сомнителен куфер, јави ИТАР-ТАСС.

При проверката на сомнителниот багаж не било откриено ништо опасно, по што тревогата е укината.

По прогласувањето на тревогата, сите присутни во аеродромската зграда беа евакуирана и  беа откажани околу 20 летови, главно на внатрешни линии.

Осумнаесет авиони со 3.000 патници, кои во време на тревогата требаше да слетаат во Дизелдорф, беа пренасочени кон аеродромот Келн/Бон.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија