Поради противење на родители на песна на арапски јазик, откажана училишна претстава на Корзика

Од:

Јавното обвинителство на Бастија соопшти дека започнало истрага по заканите кои беа упатени кон две учителки, кои сакале нивните ученици на завршната училишна претстава да ја пеат песната „Imagine“ на Џон Ленон на повеќе јазици, меѓу кои и на арапски, јави дописникот на МИА од Париз.

Настанот се случил во едно мало населено место со 3.000 жители во Пунели-ди-Фиуморбу, во кое живее голема заедница на луѓе со потекло од Северна Африка. Во локалното училиште, учителките предвиделе на приредбата закажана за 26 јуни да се пее песната на Џон Ленон на повеќе јазици: француски, корзикански, арапски, англиски и шпански.

Нивната инцијатива наиде на протести. Некои од родителите негодувале дека нивните деца ќе пеат на арапски и се заканиле дека ќе ја спречат приредбата, ако се остане на замислата и програмата на учителките. Во меѓувреме на социјалните мрежи беа истурени неористојни коментари за оваа инцијатива.

Училиштето ја откажа приредбата и инспекцијата поднесе тужба против непознат сторител.

Во понеделникот и вторникот во знак на протест, учителите не одржаа настава, изразувајќи го нивното жалење во соопштение за јавноста „поради амалгамот кој се прави меѓу јазикот и религијата и дезинформацијата која ја спроведуваат некои од родителите на нивните ученици“. Тие, исто така, изразија жалење, бидејќи не можело да се гарантира „простор за неутралност на учениците и безбедност на персоналот“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата