Поради пријава за бомба приземјен авион на аеродром во Прага

Од:

На стариот аеродром „Ризине“ во Прага, доцна синоќа поради закана за поставена бомба принудно слета авион со 160 патници, кој летал од Шпанија до Варшава, јави дописникот на МИА.

За време на принудното приземјување на Боингот 737-800, на аеродромот не се одвивале други слетувања, а останатите авиони десетина минути летале во близината.

Маж од полска националност, кој се заканувал со активирање на експлозивна направа бил онеспособен од полицијата по слетувањето.

– Најверојатно се работи за маж, со нарушено здравје, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец на прашањето дали се работи за терористички напад.
Меѓу патниците немало повредени.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница