Поради пожарот итно се евакуирани околу 7.000 жители на Ново Мексико

Од:

На жителите на едно село на југот на американската сојузна држава Ново Мексико им беше наредено веднаш да се евакуираат поради шумскиот пожар кој брзо се шири.

Официјални лица во Руидосо, село со 7.000 жители, ги повикаа жителите во понеделникот вечерта веднаш да се евакуираат и да не се обидуваат да собираат предмети или да ги заштитат своите домови, пренесува АП.

Јавната служба на Ново Мексико ја исклучи струјата во дел од селото поради пожарот, кој зафатил најмалку 5,1 квадратен километар во моментот на наредбата за евакуација, објави локалната телевизија КОАТ ТВ.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино