Поради пожари во Бразил затворени патишта и училишта, во голем број градови е прогласена опасност

Од:

Шумски пожари горат во најнаселената бразилска држава Сао Паоло цел викенд, предизвикувајќи облаци од чад на небото, пишува Франс прес. Пожарите се проширија низ југоисточен Бразил, а гувернерот на Сао Паоло, Тарсисио де Фреитас прогласи вонредна состојба во 45 општини. Тој рече дека се уапсени две лица осомничени дека го подметнале пожарот.

Горат пожари во полињата со шеќерна трска, а локалните медиуми покажаа дека неколку мртви говеда им подлегнале на чадот и топлината.

Пожарите предизвикаа прекини во сообраќајот. Властите затворија некои автопатишта поради слабата видливост. Во градот Рибеирао Прето е откажан и фудбалски натпревар од бразилското првенство. Повеќе од 300 пожари беа откриени во градот Сао Хозе до Рио Прето, поради што властите беа принудени да ги затворат училиштата.

„Досега не откривме пожар предизвикан од гром, што значи дека има луѓе кои предизвикуваат пожари“, рече бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва на X.

Владата стави 36 градови во состојба на зголемена готовност поради пожарот. Двајца работници во фабриката загинаа во општина Урупес додека се бореле со пламените јазици. Оваа година, сезоната на шумски пожари започна на почетокот на мај во Пантанал, најголемото мочуриште во светот. Според владините податоци, бројот на пожари во дождовните шуми на Амазон во јули бил на највисоко ниво во последните две децении.

Екстремните временски услови тешко го погодија Бразил, предизвикувајќи и ретки поплави во државата Рио Гранде до Сул, кои оставија повеќе од 170 мртви.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он