Поради опасност од терористички напади и Чешка ја зголеми контролата на железницата

Од:

Поради најавите кои денеска ги објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на разузнавачки извори, дека Ал Каеда планира напади врз европската мрежа за брза железница и Чешка презема зголемување на безбедносните мерки.

„Чешки железници“ не прецизираат какви конкретни мерки се преземаат, со образложение дека доколку се објават нема да бидат ефективни.

Според „Билд“, на европската железница и се закануваат саботажи и поставување експлозив од страна на членови на терористичката мрежа.

Германските власти, според весникот веќе неколку недели биле во состојба на подготвеност и презема мерки за заштита на железничките станици во случај на евентуални напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски