Поради мутација, делта сојот во Јапонија се уништува сам

Од:

Пред целиот свет да се вознемири од веста дека од Африка во Европа пристигнал нов „омикрон“ сој на ковид, кој според првите информации е драстично позаразен од сојот делта, светот беше воодушевен од студија од Јапонија каде научниците утврдија дека видот делта во таа земја речиси исчезна. Епидемиолозите посочуваат дека е можно вирусот сам да се изгаси кога нема повеќе незаштитени од инфекција.

Тим јапонски научници од Националниот институт за генетика, во соработка со лабораторијата на Универзитетот во Нјигата, откриле дека протеинот на делта сојот кој овозможува да се поправат генетските грешки при мутација станал нефункционален.

Затоа, како што велат, вирусот не е во состојба да се реплицира и да произведе нови варијанти кои во иднина би можеле да станат отпорни на вакцини. Тоа значи дека делта сојот на вирусот исчезнува во Јапонија, бидејќи поради недостаток на сопствена структура, тој повеќе нема способност да се размножува и мутира.

Две причини за „самоубиство“ делта сојот

Во јавноста се споменуваат две причини зошто делта сојот исчезнува во Јапонија.

Првата е вакцинацијата. На пример, во времето кога почнаа Олимписките игри, во последната недела од јули, само 18 отсто од населението во Јапонија беше ревакцинирано, додека денес тоа е 76 отсто. Тоа е повеќе отколку во САД, Велика Британија, Германија и другите западни земји.

Друга причина е што Јапонците сè уште носат маски на многу дисциплиниран начин, и внатре и на отворено, што не е случај на Запад.

Инаку, во моментот во Јапонија се регистрирани само нешто повеќе од стотина заразени, додека на крајот на август дневно имало повеќе од 25.000 новозаразени.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови